Нерешено на дербито со Шкендија, Вардар оди на пауза со +8

Вардар може да жали што со +11 не замина на зимската пауза. Во денешниот меч со ривалот Шкендија, Вардарци имаа два пати водство, но на крајот одиграа само 2:2, со што ја задржаа предноста од осум разлика. „Црвено-црните“ ја завршија есента со 36 бода, односно осум повеќе од Шкендија и со предност ќе го почнат пролетниот дел од сезоната следната година. 

А, Вардар денеска поведе во 20. минута со гол од пенал на Мицевски. Мицевски погоди во горниот лев агол, неодбранливо за водство. Сепак, Шкендија израмни по една грешка. Преку Омар Имери дојдоа до „симетрија“. Вардарци имаа шанса преку Жуниор да дојдат до втор гол во првиот дел, но неговиот удар го одбрани Захов. 

И така, во вториот дел на стартот Адем носи водство од 2:1. Брз противнапад, топка од Цветаноски, а Адем погоди за уште една голема радост. Имери успеа повторно да израмни по акција на левата страна. 

За Вардар ова беше последен натпревар годинава. После божиќните празници се почнува со зимските подготовки, а на средината на февруари стартува вториот дел. Ако биде идентичен како есенската полусезона, тогаш Вардарци ќе бидат на добар пат да дојдат до својата 12. титула. Но, за неа е рано да се зборува. Сега играчите најпрво добро да се одморат, потоа добро да се подготват за предизвиците. 

ФОТОГАЛЕРИЈА1

ФОТОГАЛЕРИЈА2

недела, 8 декември 2019