Нерешено 3:3 на пријателскиот натпревар со Тиквеш

Интересно и возбудливо „реми“ одиграа денеска Вардар и Тиквеш на контролниот натпревар одигран на теренот на АМС во Аеродром. На крајот мечот заврши 3:3, а двата тима се менуваа во водствата. 

Најпрво Тиквеш поведе, а Вардар веднаш направи пресврт од 2:1. Потоа тимот од Кавадарци успеа да израмни до крајот на полувремето. 

Во вториот дел кавадарчани повторно дојдоа до предност, за Вардар да постигне израмнувачки гол во 80. минута. 

Стрелци на головите за нашиот тим беа Фитор Реџепи, Филип Најдовски и Александар Трајчевски. 

Ова беше последен контролен меч на Вардар пред заминувањето во Словенија. 

недела, 14 јули 2019