Натпреварот Вардар – Работнички ќе се игра без публика

Натпреварот помеѓу Вардар и Работнички во рамките од 21. коло на Националната Арена „Тодор Проески“ кој ќе се игра на 29. февруари во 14 часот, ќе се одигра без публика. Ова доаѓа како резултат на препораката на Владата на Република Македонија спортските натпревари да се играат без публика поради коронавирусот. Фудбалската федерација ја прифати препораката, што значи дека на дуелот ќе има само ограничен број на официјални лица.

„Поради препораката на Владата на Република Македонија на сите организатори на спортски настани , натпреварите во утврдениот период до 6 Март 2020 година да се играат без публика, Ве информираме дека   Фудбалската Федерација на Македонија донесе одлука сите натпревари од 21 коло на Прва МФЛ и 15 коло на Втора МФЛ Исток и Запад да се играат без присуство на публика“, гласи соопштението на ФФМ.

За непочитување на оваа одлука, следува дисциплинска постапка по член 87. Затоа, за да избегне дополнителни мерки и санкции, ФК Вардар ќе ја почитува одлуката на Фудбалската федерација на Македонија, и дуелот со Работнички во рамките од 21. коло ќе го игра без публика. 

петок, 28 февруари 2020