Натпреварот Вардар - Малме во директен пренос на ТВ Нова

Ве известуваме дека Телевизија Нова ќе ги има правата за пренос во живо на реванш натпреварот Вардар - Малме во рамките од 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите кој ќе се игра утре во 18 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.

Сите кои што немаат можност да бидат на стадионот, ќе можат да го следат дуелот во директно на тв екраните, а за сите настани околу мечот, можете да се информирате и на нашата официјална веб страница www.fkvardar.mk , како и на социјалните мрежи на ФК Вардар.

понеделник, 17 јули 2017