Најдовски и Жуниор погодија за победа на Вардар над Ренова

Вардар дојде до триумф после три нерешени натпревари во серија. „Црвено-црните“ денеска на стадионот Борис Трајковски беа подобри од Ренова и ја совладаа со 2:0, а ако беа искористени и дел од шансите, триумфот можеше да биде поубедлив. 

Мирен прв дел се играше се до финишот кога шансата на Цветаноски го најави водечкиот гол на Најдовски. Цветаноски не погоди, но затоа пред самиот крај Најдовски искористи една нафрлена топка од страна на Фелипе, и успеа да се запише во листата на стрелците за водство на Вардар. 

Само што почна второто полувреме, Вардар дојде и до 2:0. Својот дебитантски погодок во дресот на Вардарци го постигна Жуниор. После една повратна топка со десна нога успеа да шутира прецизно во долниот лев агол од голот на Ренова. Меѓутоа фудбалерите на Вардар не застанаа тука. Сакаа да дадат и трет гол, ама во таа намера ги спречи голманот Ѓуриќ кој имаше неколку одлични интервенции. Шанси имаа и Ибиши, и Фелипе, Лира, Мицевски и Цветаноски меѓутоа не искористија за да ја направат оваа победа уште поубедлива.

ВАРДАР - РЕНОВА   2:0 (1:0)

Стадион: „Борис Трајковски“ во Скопје. 

Судија: Васко Мавров (Струмица). 

Стрелци: 1:0 Најдовски 45’, 2:0 Жуниор 50’

Ж. Картони: Жуниор, Најдовски (Р) - Абдула, Мустафов, Рамадани, Усеини, Стојановски, Мишковски (Р). 

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Манев, Жуниор, Мицевски, Аврамовски (68’ Попзлатанов), Цветановски, Новак, Најдовски (74’ Адем), Ибиши (79’ Лира), Фелипе. 

РЕНОВА: Ѓуриќ, Усеини, Кадриу (46’ Сулејмани), Рамадани (79’ Фетахи), Стојановски, Мишковски, Велија, Садики, Абдула, Адем (46’ Нухи), Мустафов. 

сабота, 20 април 2019