Титулата број 10 во рацете на Вардарци

На денешен ден ланската година, шамшионскиот трофеј број 10 во историјата заврши во рацете на Вардар. Откако беше обезбеден десетина дена претходно, Вардарци со победата над Работнички во последното коло од ПМФЛ во сезоната 2015/2016, на крајот им беше врачен шампионскиот пехар. Тогаш успехот беше зачинет со победа над противникот кој што донесе нов рекорд за нашиот тим. 

Гачевски, Спировски, Велковски, Фелипе, Николов, Глишиќ, Брдаровски, Петковски и Љамчевски од сегашните играчи играа на таа средба против Работнички, а потоа почна и големото славје по повод доделувањето на јубилејната 10-та титула во Вардаровата историја. 

И оваа сезона Вардар ја обезбеди титулата која што ќе им биде дадена после последното коло во дуелот против кратовски Силекс. 

Фотогалеријата од минатосезонското крунисување на Вардар во шампион, погледнете го на следниот ЛИНК.

петок, 19 мај 2017