Муслиу стрелец за Македонија против Лихтенштајн

Вардаровиот стопер Висар Муслиу вечерва постигна гол за македонската репрезентација во дуелот со Лихтенштајн. Муслиу во 36. минута со глава го совлада противничкиот голман за водство на Македонија од 1:0. На крајот Македонија дојде до победа од 4:0.

Вечерва уште еден наш фудбалер настапи во квалификациите. Џамбул Џигаури беше стартер за Грузија на мечот со Србија и одигра до 86. минута. Неговата селекција беше поразена со 1:0.

Утре последни наши играчи кои ќе имаат репрезентативни настапи се Петар Петковски и Бесар Исени кои ќе чекаат шанса за настап во младата селекција на Македонија против Гибралтар.

понеделник, 9 октомври 2017