Можни противници во ЛШ: Селтик, Легија, Марибор, Малме, Розенборг и Хафнарфјордур

Пред денешната ждрепка за 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите, во која што Вардар ќе го дознае својот противник во Европа, УЕФА го објави скратениот список на екипи кои можат да се паднат со нашиот тим.

Шампионот на Македонија за можни ривали ги доби екипите на Селтик (Шкотска), Легија Варшава (Полска), Марибор (Словенија), Малме (Шведска), Розенборг (Норвешка) и Хафнарфјордур (Исланд).

Ждрепката ќе биде извршена нешто после 12 часот на пладне, а низ нашата официјална веб страница погледнете кој ќе биде противник, а подоцна и реакциите на дел од фудбалерите од подготовките во Австрија после извлечениот противник.

понеделник, 19 јуни 2017