Многу шанси за Вардар, но мрежите мируваа во Битола

Во рамките од 25. коло, Вардар одигра нерешено без голови на гостувањето во Битола кај Пелистер. Дербито изобилиуваше со неколку шанси за нашиот тим, особено во вториот дел кога Максимов ја погоди и стативата од противничкиот голман, меѓутоа немаше промена на резултатот. Вардар беше блиску до победа и во финишот, но со неколку добри одбрани се истакна и голманот на противникот. 

Блажевски прв се закани во првите 15 минути од средбата, но не успеа да постигне гол. Во 5. минута неговиот обид одкосо од лево отиде само над голот, а во 14. минута од иста позиција овој пат беше прецизен, но и голманот Петровски подготвен да го скроти тој удар, и да избие во корнер.

Следуваше обидот на Наумоски во 24. минута кој беше одбранет од страна на Гачевски, а потоа во 27. минута најсериозната прилика во првиот дел. Блажевски искористи една грешка во дефанзивата на Пелистер, се најде во одлична позиција од 20 метри по средината на голот, шутираше прецизно, меѓутоа Петровски се истакна со уште една одбрана и повторно изби во корнер.

Последната шанса во првиот дел ја видовме во 44. минута кога обидот на играчот на Пелистер Наумоски отиде само над голот на Вардар, со што првиот дел заврши без голови под услови на ветар и на дожд.

Првата шанса во вториот дел за Пелистер. Се играше 64. минута кога Трифуновски се обиде со „ножички“, но топката оди над голот. Во 67. минута најдобрата шанса за Вардар. Максимов со удар од 17-18 метри ја погоди стативата, а топката се одби до Блажевски кој упати добар центаршут до Барсегјан, но неговиот обид со глава беше одбранет од Петровски. Во 76. минута Максимов беше прецизен по голот на противникот, меѓутоа голманот Петровски успеа да го одбрани тој шут на рускиот интернационалец.

Последната прилика за гол ја имаше Барсегјан кој што со глава ја упати топката во рамките од голот, но голманот Петровски со крајни напори изби во корнер и спречи победа на Вардар на овој натпревар. 

ПЕЛИСТЕР - ВАРДАР     0:0

Градски стадион „Под Тумбе Кафе“ во Битола. Гледачи: 4.000.

Судија: Фатон Мустафи (Тетово).

Стрелци: /

Ж. Картони: Драгарски, Марковски, Петровски (П) - Грнчаров (В).

ПЕЛИСТЕР: Петровски, Драгарски, Тодоровски, Илиевски, Миленковски, Маркоски, Бовен (46’ Трифуновски), Илијовски (79’ Љамчевски), Наумоски (85’ Марковски), Коњарски, Маневски.

ВАРДАР: Гачевски, Брдаровски (46’ Тошевски), Грнчаров, Новак, Антовски, Глигоров, Битанг (79’ Колевски), Марковиќ, Цветаноски (46’ Максимов), Блажевски, Барсегјан.

 

СТАТИСТИКА

ПЕЛИСТЕР          ВАРДАР

4              корнери              7

3/1         удари/во            12/6

10           прекршоци       9

5              офсајди               1

3              ж. картони         1

0              ц. картони          0

0              пенали                0

недела, 1 април 2018