Младите и храбри Вардарци минимално поразени од Силекс

Младите играчи на Вардар не успеаја да извлечат добар резултат во дуелот со Силекс. Како што е познато, во првите 11 на нашата екипа имаше 10 играчи под 21 година. Добро се носеа со противникот, но пресуди искуството на противникот во денешниот меч иако нашите играчи имаа водство. Силекс стигна до пресврт во првиот дел, а потоа фудбалерите на „црвено-црните“ дојдоа до гол и до неизвесен финиш, но не и до крај да стигнат барем до бод.

Одличен почеток на младите момци на Вардар кои што во 2. минута успеаја да поведат во натпреварот со Силекс. Попзлатанов беше упорен во „бркањето“ на одбранбените играчи на 20 метри од голот на Силекс, топката стигна до него, и со удар по земја успеа да го совлада Митровиќ за водство на „црвено-црните“. Веднаш потоа и неколку напади за втор гол кои не дадоа плод.

Во 21. минута Силекс успеа да израмни после првата шанса на мечот. Најпрво Георгиев шутираше од 20 метри, топката ја одби Алексовски на левата страна на кратовскиот тим од каде следуваше центаршут до Глигоров, кој што со глава го совлада Алексовски.

Вардарци во 31. минута преку Антовски од левата страна се заканија, меѓутоа топката отиде за малку крај голот.

Во 35. минута Силекс дојде до водство. Нафрлената топка од корнер ја расчистија дефанзивците на Вардар само до Тимов кој што од 13-14 метри успеа да ја смести топката во голот на Алексовски. Во судиското надополнување Силекс стигна и до 1:3. Нафрлена топка во шеснаесетникот каде што Реџепи во обидот да расчисти, со глава постигна автогол.

Ништо не се случуваше на теренот во вториот дел во однос на шансите се до 77. минута кога Вардар преку Јахја се закани, но одбрани Митровиќ. Во истата минута прилика за Тимов кој излезе сам пред Алексовски, меѓутоа нашиот голман успеа да биде поуспешен.

Во 84. минута Вардар успеа да постигне уште еден гол. Центаршут од левата страна, а на вистинското место е Попзлатанов кој што го намали водството на противникот, и донесе неизвесност во финишот на мечот. Меѓутоа на крајот резултатот остана непроменет.

ВАРДАР - СИЛЕКС      2:3 (1:3)

Скопје, Национална Арена „Филип Втори“. Гледачи: 400.

Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје).

Стрелци: 1:0 Попзлатанов 2’, 1:1 Г. Глигоров 21’, 1:2 Тимов 35’, 1:3 Реџепи (а.г.) 45’+1. 2:3 Попзлатанов 84’

Ж. Картони: Адем, Серафимов, Тодороски (В) - Стојчевски, Филиповиќ, Тимовски, Георгиев, Алексовски (С).

ВАРДАР: Алексовски, Тодороски, Младеновски, Серафимов, Антовски, Адем (56’ Митревски), Реџепи (77’ Јахја), Исени, Попзлатанов, Цветаноски (77’ Пешевски), Бериша.

СИЛЕКС: Митровиќ, Ф. Глигоров, Стојчевски (46’ Пановски), Филиповиќ, Благојевиќ, Тимов, Танушев, Тимовски, Георгиев, Г. Глигоров (63’ Филиповски), Ѓорѓевиќ (70’ Алексовски).

СТАТИСТИКА

ВАРДАР           СИЛЕКС

1          корнери          2

5/3       удари/во        9/7

18        прекршоци     20

0          офсајди          1

3          ж. картони      5

0          ц. картони      0

0          пенали            0

недела, 4 март 2018