Младите вардарци ремизираа со Рубин Казан на последниот „тест“

Вардар предводен од младите играчи, одигра нерешено 2:2 против вториот тим на Рубин Казан во денешниот последен „тест“ на подготовките во Турција.

Руската екипа стигна до водство преку добра акција во првиот дел, што беше резултат на полувремето.

На стартот од вториот дел Џемаил Ибиши по една соло акција од левата страна го најде патот до мрежата за израмнување. Потоа Ибиши се погрижи за пресврт, овој пат со акција по десната страна каде што излезе сам пред голот, го мина и противничкиот голман, и погоди во мрежата.

Сепак, Русите со гол од пенал успеаја да израмнат. Иако младиот Андов ја прочита намерата на противничкиот фудбалер, сепак, не успеа да го спречи израмнувањето.

Во финишот шанса за Вардар имаше Игњатов кој што од добра позиција шутираше само во противничкиот голман.

недела, 3 февруари 2019