Младинците и кадетите со бод, помладите пионери дадоа пет гола

Викендов стартуваше пролетниот дел од сезоната во помлади категории во кои Вардарци настапија со шест генерации.

Младинската екипа гостуваше во Битола кај Пелистер, и одигра 2:2. И покрај водството на два пати со головите на Маркоски и на Бериша, во финишот од средбата противникот успеа да израмни и да „украде“ два бода.

Со истиот резултат одиграа и кадетите исто така во Битола. Овој пат кадетската екипа и со играч помалку на полувремето требаше да стигне два гола негатива. И успеа во тоа со головите на Ибиши и на Илиевски во вториот дел.

Пионерската екипа со минимални 1:0 на домашен терен го совлада Пелистер. „Автор“ на трите бода беше Ристовски кој што постигна гол во 58. минута и ги обезбеди трите бода.

Помладите пионери беа убедливи и го поразија својот противник со 5:0. Стрелци на погодоците за нашата екипа беа Хасани два, Омерагиќ и Крстевски кои донесоа водство од 4:0 на полувремето, а во вториот дел погоди и Стојановски кој што влезе во текот на второто полувреме.

Генерацијата 2003 година, пак, беше убедлива над Форца и ја совлада со 15:0. Помладите играчи, однсоно генерацијата 2004 година, пак, го победи својот противник со 6:0.

 

МЛАДИНЦИ

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 2:2 (1:2)

Градски стадион Под Тумбе Кафе во Битола.

Судија: Ирена Велевачкоска (Прилеп).

Стрелци: 0:1 Маркоски 15’, 1:1 Здравевски 20’, 1:2 Бериша 26’, 2:2 Здравевски 82’

Ж. Картони: Здравевски (П) – Адем, Бериша, Ѓорѓиески (В).

ПЕЛИСТЕР: Муневски, Цветановски, Илиевски, Најдовски, Зејноски, Талевски, Здравевски, Митревски, Зуберовски, Велевски, Котевски.

Уште играа: Дамчевски, Неделковски, Илијески, Торков.

ВАРДАР: Велковски, Џуклески, Антовски, Реџепи, Младеновски, Ѓорѓиевски, Адем, Благојевиќ, Маркоски, Бериша, Дишлиевски.

Уште играа: Јахја, Хасановиќ, Јусуф.

 

КАДЕТИ

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 2:2 (2:0)

Градски стадион под Тумбе Кафе во Битола.

Судија: Бојан Ристески (Прилеп).

Стрелци: 1:0 Божиноски 39’, 2:0 Мијаковски 45’, 2:1 Ибиши 53’, 2:2 Илиевски 64’

Ж. Картони: Божиноски, Момировски, Ристески, Селмани (П) – Илиевски, Радевски (В).

Ц. Картон: Димов 44’ (В).

ПЕЛИСТЕР: Стојановски, Ризанковски, Ристески, Момировски, Божиноски, Селмани, Бошковски, Лазаровски, Велјановски, Мијаковски, Јовановски.

Уште играа: Милошовски.

ВАРДАР: Тимевски, Радевски, Николов, Пешевски, Ѓурковски, Ибиши, Митревски, Илиевски, Димоски, Велковски, Димов.

Уште играа: Тасев, Младеновски, Петејчук, Игнатов, Туша.

 

ПИОНЕРИ

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 1:0 (0:0)

Игралиште на фудбалска Академија на ФК Вардар.

Судија: Виктор Јанчевски (Скопје).

Стрелец: Ристовски 58’

Ж. Картони: Јошевски (П).

ВАРДАР: Андов, Зендели, Рушити, Трајановски, Манасиевски, Бојковски, Спировски, Цури, Речица, Туша, Ристовски.

Уште играа: Николов, Игнатов, Астарџиев.

ПЕЛИСТЕР: Буторац, Исмаили, Ристевски, Цветаноски, Ристески, Каланоски, Огненовски, Мазари, Стојановски, Стојаноски, Јошевски.

Уште играа: Сиљаноски, Далчески.

 

ПОМ. ПИОНЕРИ

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 5:0 (4:0)

Игралиште на фудбалска Академија на ФК Вардар.

Судија: Бесар Абдули (Скопје).

Стрелци: 1:0 Хасани 10’, 2:0 Хасани 19’, 3:0 Омерагиќ 36’, 4:0 Крстевски 40’, 5:0 Стојановски 58’

Ж. Картони: Омерагиќ (В) – Муневски, Милевски (П).

ВАРДАР: Величковски, Радуловиќ – Величковиќ, Асани, Костовски, Крстевски, Мирков, Петејчук, Омерагиќ, Стојанвоски, Хасани, Гугуљанов.

Уште играа: Салиу, Стојковски, Фазљиу, Демири, Стојановски, Ѓорѓиевски, Симев.

ПЕЛИСТЕР: Китановски, Милевски, Муневски, Каковски, Малески, Јошевски, Петровски, Капинковски, Стефановски, Маркоски, Митревски.

Уште играа: Здравески, Гелевски, Кочишки, Ризовски, Домазетовски.

понеделник, 12 март 2018