МЛАДИ ФУДБАЛЕРИ ОД ФК “ВАРДАР“ ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ “ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО 2019“ 

Во рамки на почетокот на 7. Сезона на Меѓународниот детски општествено одговорен проект "ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО", под покровителство на Компанијата "Газпром" А.Д., како дел од стартот на локалните активности поврзани со овој проект беа одбрани Млади Амбасадори – учесници во проектот. Во овогодинешната сезона на проектот учество ќе заземат Млади Фудбалери од Младинската Фудбалска Школа на ФК “Вардар“ –Милош Спасовски (играч од одбрана), Борјан Томовски (играч од средина на теренот) и Лука Јаневски (голман), а заедно со нив дел од Македонската делегација ќе биде и Калина Василевска (Млад Новинар).

Македонските учесници во овогодинешната сезона на проектот, како Делегација од Република Северна Македонија, ќе патуваат во Мадрид (Шпанија) и ќе бидат дел од завршните активностите на “Фудбал за Пријателство“: Меѓународен турнир во мешани детски тимови на Пријателството, Меѓународен детски прес центар од кој ќе известуваат Младите Новинари, Школа за деветте клучни вредности на проектот и Меѓународен Форум “Фудбал за Пријателство“. Во рамки на овие активности, македонските Млади Амбасадори ќе имаат можност заедно со нивни врсници - деца на возраст од 12 години од земји ширум светот да ги споделат своите искуства за промовирање и поттикнување на мир, пријателство, еднаквост, традиција и други суштински вредности кои треба да ги следиме и според кои треба да работиме, особено кога станува збор за колективните тимски напори, како фудбалот, и спортот во целина.

среда, 24 април 2019