Младеновски дополнително повикан во сениорската репрезентација

Освен Кристијан Тошевски, за натпреварите со Словенија и со Полска, во редовите на сениорската репрезентација на Македонија ќе има уште еден играч на Вардар. 

Станува збор за 19-годишниот стопер Марио Младеновски кој дополнително доби повик за настап во националниот тим во квалификациите. 

Ако му биде дадена шанса, ова ќе биде прв настап за Младеновски во сениорскиот национален тим. Тој доби шанса да игра во дербито против Шкендија, и токму тој меч бил препорака да биде земен во репрезентацијата. 

понеделник, 7 октомври 2019