Минимална, но вредна победа на Вардар над Струга

Со голот на Евгениј Новак во 71. минута, Вардар стигна до вредна победа над Струга во 23. коло од ПМФЛ. 

Низ целосна доминација во текот на сите 90. минути од мечот, Вардарци во второто полувреме го скршија отпорот на гостите од Струга. Новак со глава беше прецизен во противничката мрежа, за враќање на победничките патеки на Вардар, после нерешениот резултат со Работнички, и поразот од Ренова минатото коло. 

Вардар сега има 10 бодови предност пред второпласираниот тим на Силекс на табелата.

среда, 11 март 2020