Мина и вториот ден од подготовките во Анталија

Според планот, со два тренинга мина и денешниот втор ден од подготовките на Вардар во Анталија. Вардарци како и вчера, така и денеска максимално ги исполнија сите задачи зададени од стручниот штаб. 

Во денешниот ден главен акцент беше ставен на тактичката подготовка на екипата. И на првиот и на вториот тренинг екипата воигруваше тактички варијанти кои што ќе треба да ги примени низ овие контролни натпревари кои што ќе се играат на подготовките во Турција. 

Првата пријателска средба е веќе во сабота против узбекистанскиот тим Пахтакор. 

Неколку фотографии од денешните два тренинга на „црвено-црните“: 

четврток, 18 јануари 2018