Мицевски од пенал донесе победа на Вардар во дуелот со Шкупи

Дарко Мицевски беше со концетрација кога беше најпотребно, во 20. минута и постигна гол од пенал, вреден три бода во денешното дерби против Шкупи. Вардар ги освои бодовите во дуелот со чаирскиот тим, важни во битката за втората позиција на табелата.

Мечот започна со иницијатива на Вардарци, а во 19. минута Лира беше фаулиран во шеснаесетникот по центаршут на Тошевски. Судијата Јакимовски покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Мицевски. Шутираше во долниот десен агол, а голманот отиде на другата страна за водство.

Веднаш потоа Колевски се најде во прилика, но во последен миг беше изблокиран.

Кон крајот на првиот дел, и во текот на вториот дел гостите имаа неколку шанси, меѓутоа Гачевски не дозволи да биде совладан. На крајот резултатот остана истиот, и триумф на Вардар пред репрезентативната пауза.

 

ВАРДАР - ШКУПИ           1:0 (1:0)

Стадион: „Борис Трајковски“ во Скопје.

Судија: Дејан Јакимовски (Скопје).

Стрелец: 1:0 Мицевски 20’ (пен.)

Ж. Картони: Најдовски, Аврамовски, Мицевски (В) - Махарава, Ристовски, Овоно, Исмаиљи, Ангелов (Ш).

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Манев, Лира, Мицевски, Колевски (64’ Цветаноски), Аврамовски (85’ Адем), Новак, Најдовски, Фелипе, Брдаровски.

ШКУПИ: Азизи, Ристовски (78’ Исени), Билали, Устабаши (46’ Велиу), Дакоур, Да Луиз, Броја, Овоно, Исмаиљи, Махарава (46’ Кривањева), Ангелов.

сабота, 16 март 2019