ИН МЕМОРИАМ: Почина почесниот претседател на Вардар Трајко Стаматоски

Денеска е тажен ден за Вардар, и за сите наши љубители. Господинот Трајко Стаматоски, кој е почесен претседател на нашиот клуб, почина денеска на 96 годишна возраст. 

Стаматоски е роден на 6 мај, 1925 година во Скопје и своевремено беше долгогодишен член на вардаровото раководство. Беше и еден основачите на ФК Вардар во 1947 година. Како еминентен македонски лингвист, Стаматоски е автор е на околу 500 научни и стручни прилози. Неговото име, исто така е запишано и како главен и одговорен уредник на монографијата објавена во 1987. година, по повод 40-годишнината од формирањето на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

ФК Вардар упатува искрено сочуство до семејството на Стаматоски и неговите најблиски.

петок, 2 април 2021