Мечот Вардар - Беласица се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, акредитирањето на медиуми е во тек

Почитувани медиуми,

Фудбалскиот клуб Вардар информира дека во тек е акредитирањето за новинари и фоторепортери за првенствениот натпревар од 7. коло помеѓу Вардар и Беласица, кој ќе се игра на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје во недела, 27 септември 2020 година. 

Согласно протоколите, и потребата да се достави список на новинари и фоторепортери кои ќе присуствуваат на натпреварот до делегатот на мечот непосредно пред почетокот на истиот, ќе бидат разгледани сите барања испратени до сабота (26. септември 2020 година) до 19 часот. ФК Вардар го задржува правото да одбива новинари и фоторепортери со оглед дека бројката поради пандемијата на коронавирусот е ограничена. 

Без испратено барање не може да се најдете на списокот, а доколку ве нема на списокот не постои можност да влезете на стадионот како медиумски работник. Вашите барања испраќајте ги на следната адреса: press@fkvardar.mk

Потсетуваме дека од секој медиум, има право да се акредитира само по еден медиумски работник. Не е дозволено внесување на камери. 

Сите кои ќе се најдат на списокот, ги изестуваме дека се должни да ги почитуваат мерките, односно задолжително да носат заштитна маска, да држат дистанца, и да потпишат изјава на влезот од стадионот. Сите баратели на акредитации ќе добијат повратна информација дали нивното барање е прифатено или одбиено во сабота по 19 часот. Молиме на разбирање на сите кои ќе бидат одбиени во овие вонредни услови.

Апелираме на сите оние кои ќе се најдат на списокот кои ќе бидат на натпреварот, да им излезат во пресрет на останатите медиуми со давање информации и фотографии кои би имале потреба или кои ќе бидат одбиени. Да бидеме колегијални во овие вонредни услови поради пандемијата од коронавирусот.

петок, 25 септември 2020