Лидерот Вардар денеска гостува во Тетово кај Шкендија

Лидерот на прволигашката табела по 8. кола, екипата на Вардар, денеска од 15 часот го игра дерби натпреварот против Шкендија, во моментов шестопласиран тим на табелата. 

Вардарци во надеж дека ќе ја продолжат победничката серија која трае шест натпревари, а сметајќи ги мечевите од Купот, серијата е осум натпревари без пораз, со биланс од седум победи и еден нерешен резултат. 

Нашиот тим ќе се обиде во Тетово да дојде до 10-тиот триумф во денешната 29-та пресметка против Шкендија на гостински терен во сите натпреварувања. Освен досегашните 9 победи, Вардарци имаат четири нерешени средби и 15 порази. 

Овие два тима се сретнаа и пред десетина дена во првиот 1/8 финален натпревар од Купот. Вардар и Шкендија одиграа нерешено 2:2 во меч со многу шанси и многу неискористени прилики од страна на Вардар. 

Дуелот ќе го суди Димитар Мечкаровски од Скопје. 

Посакуваме убав фудбалски натпревар, и на крајот победа на Вардар. 

Мечот ќе биде емитуван во живо на МТВ и на Аренаспорт. 

 

сабота, 5 октомври 2019