КУП НА РМ: Вардар со пет постигнати гола кон 1/8 финалето

Комбинираниот тим на Вардар лесно се справи со второлигашот Каменица Саса, и со убедлива победа од 0:5 мина во 1/8 финалето од Купот на Македонија. Вардарци ја имаа целосната доминација, и не дозволија во ниту еден момент некакво изненадување на гостувањето во Македонска Каменица. 

Вардар поведе уште во 4. минута преку Ибиши. Дебитантот Игнатов донесе 0:2 во 30. минута, а до полувремето Цветаноски погоди за уште поубедливо водство од 0:3. 

Во вториот дел „црвено-црните“ продолжија во ист стил и постигнаа уште еден гол преку Цветаноски, за потоа нововлезениот Аврамовски да ги постави конечните 0:5 во 83. минута. 

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НАТПРЕВАРОТ

 

КАМЕНИЦА САСА - ВАРДАР    0:5 (0:3)

Градски стадион во Македонска Каменица. 

Судија: Марјан Гоцевски (Струмица). 

Стрелци: 0:1 Ибиши 4’, 0:2 Игнатов 30’, 0:3 Цветаноски 39’, 0:4 Цветаноски 61’, 0:5 Аврамовски 83’

Ж. Картони: Кировски, Здравков (КС) - Адем (В). 

К. САСА: Силјановски, Нешовски, Стојановски, Кировски, Златковски, Здравков, Гоцевски, Ѓеоргиев, Миленковски, Божинов, Соколовски. 

Уште играа: Ѕурѕу, Ратков, Анастасовски. 

ВАРДАР: Илиќ, Тошевски, Ибиши, Мицевски, Цветаноски, Димоски, Новак, Велковски, Попзлатанов, Младеновски, Игнатов. 

Уште играа: Аврамовски, Адем, Наумчески. 

среда, 28 август 2019