Куп на РМ: Шкендија - Вардар 0:1 (КРАЈ)

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ! И покрај триумфот, Вардар, сепак, не обезбеди пласман во финалето. Нашиот тим имаше неколку стонастотни шанси да ја стигне предноста и да се пласира во финалето, но не успеа. Се фокусираме кон првенството каде што пред последниот круг сме на првото место со 11 бодови предност

90'+2 Жолт картон за Горан Попов (Вардар)

90'+1 Жолт картон за Дино Меџедовиќ (Шкендија)

90'+1 Жолт картон за Жуниор (Шкендија)

90' Шутот на Барсегјан оди за малку над пречката од голот на Шкендија

87' Фелипе изведе корнер на првиот дирек каде што обидот на Барсегјан со глава оди крај голот

85' Жолт картон за Марко Јовановски (Шкендија)

80' Обид на Боарето по средината од голот каде што одбрани Јовановски

78' Измена во Вардар. На местото на Глигоров во игра е Попов

78' Обид на Барсегјан од 25 метри, Јовановски брани во корнер

73' Шут на Којашевиќ од слободен удар само над голот

71' Нема среќа за Вардар. Којашевиќ изведе корнер на првиот дирек Барсегјан со глава се обиде, одби Јовановски. Потоа шут на Демири, спаси од гол линија Тотре за на крај и Боарето со глава да се обиде, Јовановски одбрани во корнер

65' Жолт картон за Стефан Вујчиќ (Шкендија)

64' Голема шанса за Вардар! Којашевиќ излезе целосно сам пред голот упати удар кој штонго одбрани Јовановски, топката, сепак, одеше кон голот, но расчисти Тодоровски

0:1 60' ГООООЛ! Велковски погоди во мрежата после одлично изведениот слободен удар на Фелипе

59' Жолт картон за Бесарт Ибраими (Шкендија)

57' После изведен корнер од Ибраими, обид на Цуцули со глава кој оди крај десниот дирек

52' Радески упати удар од дваесетина метри кој Гачевски го одбрани

46' Почеток на второто полувреме

46' Две замени во Вардар. На теренот се Боарето и Којашевиќ, а Блажевски и Џигаури се надвор од теренот

КРАЈ НА ПРВИОТ ДЕЛ! Без голови и покрај неколкуте шанси. Вардар можеше да го открие резултатот после супер шансата на Блажевски. Имаше 20 минути прекин и два црвени картони за капитените Грнчаров и Хасани

45'+20 Обид од слободен удар на Ибраими, Гачевски интервенира

45'+15 Жолт картон за Бесарт Ибраими (Шкендија)

45'+9 После пауза од 20 минути играчите на Вардар и судиите излегоа на теренот и натпреварот продолжи

33' Настана мешаница на средината на теренот после која дел од публиката влезе на теренот, па фудбалерите на Вардар и судиите влегоа во соблекувалната и во моментов мечот е во прекин

32' Мешаница на средината на теренот после еден фаул од Фелипе, судијата Ставрев се реши да ги исклучи капитените на двата тима

32' Црвен картон за Ферхан Хасани (Шкендија)

32' Црвен картон за Бобан Грнчаров (Вардар)

31' Жолт картон за Хуан Фелипе (Вардар)

28' Обид на Џигаури од 20 метри одкосо, но ударот го одбрани Јовановски

7' Противнапад на Шкендија после кој во позиција се најде Тодоровски кој упати удар само покрај голот

3' Голема шанса за Вардар. Барсегјан одлично го проигра Блажевски кој излезе сам пред голот и упати удар над пречката

1'  Почеток на натпреварот

СОСТАВИТЕ НА ЕКИПИТЕ: 

ШКЕНДИЈА: 12. Јовановски, 6. Цуцули, 7. Ибраими, 8. Тотре, 10. Хасани, 13. Челиковиќ, 14. Радески, 18. Жуниор, 55. Чолак, 77. Тодоровски, 88. Вујчиќ.

РЕЗЕРВИ: 1. Захов, 5. Алими, 9. Меџедовиќ, 17. Зејнулаи, 20. Јуффо, 33. Положани, 90. Абдурахими. 

ВАРДАР: 90. Гачевски, 6. Грнчаров, 9. Блажевски, 11. Барсегјан, 14. Велковски, 16. Глигоров, 17. Џигаури, 21. Новак, 23. Демири, 70. Фелипе, 77. Брдаровски.

РЕЗЕРВИ: 1. Алексовски, 3. Попов, 8. Спировски, 10. Којашевиќ, 18. Колевски, 20. Николов, 89. Боарето. 

0' Првиот натпревар заврши со триумф на Шкендија со 1:3

0' Добар ден од Градскиот стадион во Тетово каде што денеска Вардар гостува на Шкендија во рамките од реванш натпреварот од полуфиналето од Купот на РМ. 

среда, 19 април 2017