Колевски со два гола, Вардар со три бода

Вардар дојде до нов триумф во првенството, денеска совладувајќи го составот на Македонија Ѓорче Петров на гостински терен со 0:2. Благодарение на двата гола на Бојан Колевски, „црвено-црните“ стигнаа до овој триумф, и повторно останаа со чиста мрежа во шампионатот. 

Со исклучот на стартот од вториот дел, Вардар во текот на целиот меч имаше доминација и контрола на играта. Така во 18. минута Пецов го спречи Ибиши да го октрие резултатот, откако реагираше на самата гол линија откако нашиот фудбалер го мина и голманот Јовановски. Сепак, таквата игра вроди со плод во 41. минута. Бојан Колевски од дваесетина метри прецизно шутираше, и го совлада голманот на Македонија ЃП за водство на Вардар. 

Во вториот дел Македонија ЃП се обиде да израмни, меѓутоа нашата одбрана заедно со голманот Гачевски не дозволија никакво изненадување. Вардарци преку противнападите се обидоа да дојдат до втор гол и да го решат победникот. Тоа им успеа подоцна, односно во 88. минута кога Колевски најубаво се снајде, мина еден противнички играч, и го совлада Јовановски за 0:2 и со тоа го обезбеди триумфот на нашиот тим. 

 

МАКЕДОНИЈА ЃП - ВАРДАР   0:2 (0:1)

Стадион: „Ѓорче Петров“ во Скопје. 

Судија: Александар Ставрев (Скопје).

Стрелци: 0:1 Колевски 41', 0:2 Колевски 88'

Ж. Картони: Филиповски (МЃП). 

МАКЕДОНИЈА ЃП: Јовановски, Лима, Божиновски (82' Стјепановиќ), Да Силва, Кировски (65' Демир), Пецов, Стојановски, Филиповски, Билали, Карваљо, Тантуровски (74' Јакимоски). 

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Манев (58' Мицевски), Новак, Најдовски, Адем, Попзлатанов, Фелипе, Битанг (58' Битанг), Колевски, Ибиши (80' Цветаноски). 

среда, 24 април 2019