Колевски постигна гол за селекцијата до 18 години

Вардаровиот фудбалер Бојан Колевски, беше стрелец на еден од трите гола за македонската репрезентација до 18 години во денешниот пријателски натпревар против Бугарија, кој Македонија го доби со убедливи 3:0. 

Колевски го постигна првиот гол на оваа средба, најавувајќи ја победата на македонскиот национален тим. Освен него, на овој меч од играчите на Вардар настапија уште и Филип Антовски, Стефан Наумчески, Јакуп Бериша.  

вторник, 15 мај 2018