Измена на саатниците на натпреварите од 35. коло

Наместо во 16:30, сите натпревари од 35-тото претпоследно коло во Првата лига, вклучително и мечот помеѓу Вардар и Академија Пандев, ќе почнат во 16:15 часот. Сите дуели се играат во среда (15.05.2018 година). 

Измената во саатницата доаѓа поради телевизиски пренос на еден од натпреварите во ова коло, и сите мечеви во последните две кола мора да стартуваат во ист термин. 

Веќе се познати и официјалните лица на утрешниот натпревар кој ќе се игра утре на Националната Арена „Филип Втори“. Станува збор за Фатон Мустафи од Тетово како главен судија. Помошници ќе му бидат Небојша Ѓорѓијевски и Насуф Латифи. 

вторник, 15 мај 2018