Издавање на акредитации за медиуми за мечот Вардар - Малме

Известување за сите медиуми кои ќе го следат натпреварот помеѓу Вардар и Малме.

Прес акредитациите за натпреварот ќе бидат поделени на два начина:

1. После прес конференцијата на ФК Вардар во понеделник (17.07.2017) во 17:30 часот;

2. На денот на натпреварот (вторник 18.07) во период од 13:00 до 14:00 часот во салата за прес конференции, веднаш до стадионот „Младост“ во Струмица.

Ги молиме сите претставници на медиумите да го почитуваат рокот, во спротивно нема да им бидат издадени акредитации за натпреварот.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА АКРЕДИТИРАНИТЕ ТВ КУЌИ: Согласно правилата УЕФА, ќе биде дозволено снимање на натпреварот единствено во првите 15 минути од мечот, по што потоа ќе мора да бидат исклучени и отстранети камерите од трибината. Право на снимање на целиот натпревар имаат само имателите на ТВ права на овој натпревар. Ова се правила кои што мора да се почитуваат, во спротивно ќе следуваат дополнителни санкции од УЕФА за клубот. Камерманите ќе можат да снимаат на официјалните прес конференции пред и после натпреварот.

недела, 16 јули 2017