Вардар повторно без триумф се враќа од Железарница

И покрај големата иницијатива, и покрај шансите, Вардар не успеа да дојде до победата во дуелот против Скопје на гостински терен. „Црвено-црните“ особено во вториот дел доминираа на теренот, имаа и неколку добри шанси кои не ги искористија на теренот на противникот. Втор пат сезоната на „Железарница“, Вардаровиот тим освојува само бод откако во есенскиот дел беше исто така нерешено 1:1.

Првата шанса ја имаа фудбалерите на Скопје кога Демир ненадејно се најде во добра позиција, но неговиот удар го одбрани Гачевски. Во 10. минута шут на Алексовски од слободен удар од голема далечина, топката удри во земја и незгодно отскокна пред Гачевски, но нашиот голман успеа да интервенира.

Битанг во 19. минута упати удар кој што оди само крај голот на противникот. Во 37 минута шут на Алексовски од 30 метри, топката го закачи во ногата Петковски и го смени правецот, меѓутоа за среќа отиде само крај голот. Последната прилика во првиот дел ја имаше Битанг кој што се обиде со удар од 20 метри да го смени резултатот, но топката отиде само крај левата статива.

Жестока иницијатива на Вардар во вториот дел. Главно се играше на половината на противникот каде што нашиот тим направи и неколку шанси после кои можеше да дојде до водство. Најпрво Блажевски во 53. минута шутираше само крај голот, а во 57. минута после изведениот корнер на Фелипе, Новак со глава се обиде, а топката отиде над пречката.

Во 62. минута повторно Новак со глава по центаршутот на Блажевски, меѓутоа повторно топката отиде само над голот. Три минуто подоцна Барсегјан упати прецизен обид кој што го одбрани Стефановиќ. Се играше 75. минута кога Блажевски упати прецизен удар, и повторно голманот на Скопје успеа да интервенира. Во 78. минута и Глигоров се обиде од 25 метри, меѓутоа топката оди само над голот.

Во финишот од средбата и шанса за Скопје. Обидот на Јаневски беше одбранет од Гачевски, со што беше и последната можност за промена на резултатот на овој натпревар.

СКОПЈЕ - ВАРДАР       0:0

Стадион: „Железарница“ во Скопје. Гледачи:

Судија: Марјан Гоцевски (Струмица).

Стрелци: /

Ж. Картони: Настевски, Алексовски (С) - Блажевски (В).

СКОПЈЕ: Стефановиќ, Бопесу, Личина, Настевски, Пецов, Јаневски (93’ Коцев), Алексовски, Коффи (68’ Ѓурчиновски), Моунпаин, Демир, Петковски.

ВАРДАР: Гачевски, Брдаровски (82’ Колевски), Новак, Грнчаров, Тодороски, Глигоров, Битанг, Фелипе, Барсегјан, Блажевски, Максимов (78’ Попзлатанов).

СТАТИСТИКА

СКОПЈЕ           ВАРДАР

1          корнери          10

5/3       удари/во        10/3

15        прекршоци     14

1          офсајди          2

2          ж. картони      1

0          ц. картони      0

0          пенали            0

недела, 11 март 2018