Информација за прес - конференции и тренинзи на Вардар и на Зенит

Фудбалскиот клуб Вардар, и фудбалскиот клуб Зенит, денеска во салата за прес-конференции на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, ќе одржат прес конференции по повод утрешниот натпревар во рамките од првото коло од групната фаза од Лигата на Европа. 

Прес-конференцијата на фудбалскиот клуб Зенит започнува во 18:30 часот. Официјалниот тренинг на руската екипа е во 19:00 часот. Снимање и сликање ќе биде дозволено само во првите 15 минути од тренингот, потоа новинарските екипи мора да се повлечат. 

Прес-конференцијата на фудбалскиот клуб Вардар започнува во 20:00 часот. Официјалниот тренинг на екипата на Вардар е во 20:30 часот. Исто така ќе биде отворен во првите 15. минути за медиумите. 

НАПОМЕНА: Медиумите влегуваат од влезот за новинарите на стадионот, и мора да поседуваат акредитација. 

среда, 13 септември 2017