Информација за медиумите и акредитирање за натпреварот Вардар – Македонија ЃП

Пред почетокот на новото првенство, првото коло од новата сезона во ПМФЛ и дуелот помеѓу Вардар и Македонија ЃП (Стадион: Куќа на фудбалот, недела 17:30 часот), Фудбалскиот клуб Вардар ги известува сите медиуми, дека доколку испраќаат свои известувачи на овој натпревар, ќе мора да ги пријават истите на следниот мејл:

press@fkvardar.mk

најдоцна до недела (11.08.2019) до 11:00 часот.

При влегувањето на стадионот, сите медиуми ќе бидат идентификувани, и нема да им биде дозволен влез на оние кои не се акредитирале, не ги пријавиле своите претставници (новинари и фоторепортери) за натпреварот.

Воедно, ги известуваме сите електронски медиуми, телевизии, интернет портали, дека согласно од договорот кој клубовите го потпишаа со ФФМ, снимањето на овој натпревар е строго забрането, односно истото ќе биде дозволено само за имателот на ТВ правата Арена Спорт ТВ, која ќе го реализира мечот низ директен пренос во недела во 17:30 часот. Не смеат да се снимаат ниту делови, ниту целиот натпревар.   

ФК Вардар го задржува правото да го санкционира секој оној кој ќе ги прекрши правилата од преставниците на медиумите, да го отстрани од стадионот секој оној кој недозволено ќе врши снимање на целиот, или на дел од натпреварот.

ФК Вардар апелира на фер и коректно однесување на сите кои ќе бидат присутни на стадонот во недела. Се надеваме дека ќе уживате во натпреварот и во првиот меч од новата сезона во Првата лига.

петок, 9 август 2019