Информации за утрешниот натпревар Вардар - Шкупи

Вардар утре (16.03) во рамките од 23. коло ќе го пречека составот на Шкупи. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари со почеток од 14:30, а еве неколку информации за оние кои што ќе сакаат да бидат на трибините на стадионот, и да го проследат овој меч. 

Натпреварот е прогласен за меч од висок ризик. При купување на билет задолжително ќе биде прикажување на документ за лична идентификација. Влезници ќе се купуваат по принципот една лична карта - еден билет. 

Забранет ќе биде влезот за гостински навивачи и симпатизери. Сите гостински навивачи кои ќе се обидат да влезат на трибините, ќе бидат вратени од стадионот. 

До оние кои ќе бидат на трибината на стадионот, ФК Вардар апелира на фер и коректно навивање. Да го бодриме нашиот тим кон триумф и три бода. 

петок, 15 март 2019