Информации за сите кои ќе бидат на трибините на стадионот „Младост“

Пред утрешниот натпревар помеѓу Вардар и Малме, неколку информации кои треба да ги знае секој гледач кој ќе присуствува на стадионот „Младост“ да го следи реванш натпреварот од 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Трибината B1 на јужниот дел од стадионот ќе биде резервирана за навивачката група на Вардар „Комити“, и тие ќе влегуваат исклучиво од влезот за таа трибина В1.

На северната трибина В7 ќе бидат сместени гостинските навивачи од Малме, и таму ќе се влегува од влезот означен за трибината.

Обичната публика на северната трибина, односно оние со билети од блоковите В1, В2, В3, В4, В5 и В6 го користат влезот В1 на северната трибина. Гледачите од јужната трибина со V.VIP и VIP билети, како и од блоковите В2, В3 и В4, го користат влезот на јужната трибина В4.

Билети можат да се купат на продажните пунктови означени на мапата подолу.

Новинарските екипи влегуваат од влезот за новинари (веднаш до службениот влез). Уште еднаш ги потсетуваме ТВ куќите дека снимање на натпреварот ќе биде дозволено само во првите 15 минути, по што потоа ќе мора да ги исклучат камерите, освен имателот на ТВ правата кој ќе го пренесува мечот.

Фоторепортерите влегуваат на службениот влез, и ќе бидат спроведени до теренот. Сите фоторепортери ќе мора да бидат означени со маркери.

Медиа акредитациите се делат денеска (понеделник) на прес конференцијата на ФК Вардар во 17:30 часот во салата за прес конференции до стадионот „Младост“, како и утре (вторник) на денот на натпреварот на истото место во период од 13 до 14 часот.

 

понеделник, 17 јули 2017