Информации за прес-конференции и тренинзи на Вардар и Розенборг

Во среда на ден пред натпреварот Вардар - Розенборг, двата тима ќе одржат прес конференции и официјални тренинзи. Распоредот на настаните за утрешниот ден е следен: 

15:30 часот: прес-конференција на ФК Вардар во прес центарот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје

18:00 часот: официјален тренинг на ФК Вардар на тренинг кампот на ФК Вардар во Хиподром

18:30 часот: прес-конференција на Розенборг БК во прес центарот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје

19:00 часот: официјален тренинг на Розенборг БК на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје

Присуството на прес-конференциите и на официјалните тренинзи ќе биде исклучиво со акредитации кои што ќе се подигнуваат од 12 до 15 часот во среда (06.12.2017 година) во просториите на Фудбалската Академија на ФК Вардар.

Тренинзите на двата тима ќе бидат отворени за медиуми само во првите 15 минути.

вторник, 5 декември 2017