Информации за Куп натпреварот Вардар - Шкендија

Во среда (21. февруари), Вардар на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје ќе ја пречека Шкендија во рамките од првиот натпревар од 1/4 финалето во Купот на Македонија. Со оглед дека овој меч бара поголема безбедност, неколку информации кои ќе бидат корисни за сите оние кои ќе сакаат да присуствуваат на дуелот кој што почнува во 14 часот.

За овој натпревар отворени ќе бидат само јужната и западната трибина, додека новинарските екипи ќе влегуваат на северната трибина. Забранет е влез за гостински симпатизери на трибините на стадионот.

Купувањето на влезница ќе биде овозможено единствено со покажување на лична идентификација. На еден документ следува една влезница. Билетарницата на Националната Арена „Филип Втори“ ќе биде отворена на денот на натпреварот од 12 часот. Влезница ќе чини 100 денари.

Фудбалскиот клуб Вардар ги поканува сите навивачи да дојдат и да дадат поддршка на нашиот тим во обидот да дојде до добар резултат и да се пласира во следната фаза од Купот на Македонија. Воедно, апелираме поддршката да биде со фер и со коректно навивање без извици и пароли на национализам и расизам. Само така ќе го заштитиме Вардар од санкции, и само така ќе можеме да дојдеме до посакуваната цел, а тоа е победа на овој меч.

вторник, 20 февруари 2018