Информации за билети за натпреварот Вардар - Розенборг

Билетите за натпреварот Вардар - Розенборг се веќе пуштени во продажба. Набавете билет, и дојдете да го бодриме „црвено-црниот“ тим на патот кон првите бодови во групната фаза од Лигата на Европа. Натпреварот се игра во четврток (07.12.2017 година) со почеток во 21:05 часот. 

Фудбалскиот клуб Вардар информира дека билетарницата ќе работи вторник и среда од 10 до 18 часот, и во четврток на денот на натпреварот од 10 до 17 часот. После тоа ќе можете да набавите билети единствено на продажните места наведени подолу во овој текст. 

Ве информираме дека вратите на стадионот ќе бидат отворени во 18:30 часот. Во четврток Ве молиме што порано да дојдете на стадионот за да го завземете своето место. 

Продажните места на билетите се следните: 

СКОПЈЕ: Југотон, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако Водњанска, Тобако СП Планет, Food bar Trend City Mall, Lounge Restaurant Trend, Telekom Trend, Киоск М1 ТЦ Бисер, Киоск М1 Кисела Вода, Киоск М1 Холидеј Ин, Киоск М1 Скопјанка, М1 Медиа Бисер, Киоск М1 Центар, Киоск М1 железничка станица, Тобако Капиштец, Тобако Гоги Драчево; Метро Аеродром Александар Велики

Билетарница во С.Ц. „Јане Сандански“: секој работен ден од 10 до 18 часот. 

Билетарница на стадионот „Филип Втори“: вторник и среда од 10 до 18 часот, и четврток (на ден на натпревар) од 10 до 17 часот. 

КАВАДАРЦИ: T.A. Атлантик Турс; Метро,

СТРУМИЦА: Скала Травел;

ГЕВГЕЛИЈА: Т.А. Путник;

ГОСТИВАР: Метро 1, Метро 4

ТЕТОВО: Метро

ПРИЛЕП: Т.А. Бран;

ОХРИД: Голден Тобако, New Tobacco;

КОЧАНИ: Радио Кочани;

КУМАНОВО: Т.А. Мерион Травел;

ВЕЛЕС: Унисон.

вторник, 5 декември 2017