Информации пред мечот со Шкендија: Ќе се влегува и со сезонските билети од РК Вардар

Пред натпреварот Вардар - Шкендија кој се игра во недела со почеток во 13 часот, ФК Вардар пренесува неколку важни информации поврзани со публиката, билетите и безбедноста на натпреварот. 

Ги известуваме сите љубители на фудбалот, кои поседуваат влезни сезонски билети за РК Вардар, дека може да присуствуваат на натпреварот без никаков надомест. 

Билет за мечот чини 100 денари, и ќе се продава на билетарницата на Арената „Тодор Проески“ пред натпреварот. 

При секое купување на билет, ќе мора да биде покажен документ за лична идентификација (лична карта, пасош). Важи правилото една лична карта - еден билет. 

Со оглед дека натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, нема да биде дозволен влез за гостински симпатизери. 

Воедно, ФК Вардар апелира на фер и коректно навивање од трибините, без извици на национализам и расизам. Да ја прославиме одличната есен онака како што наликува на најтрофеен клуб во нашата земја. Апелираме и оние кои ќе бидат на стадионот, да не носат тврди предмети, затоа што на влезот ќе им бидат одземени.

Да навиваме за најдобриот, за Вардар!

четврток, 5 декември 2019