Информации околу натпреварот Вардар – Шкупи

Вардар во недела во 16 часот ќе го пречека Шкупи во рамките од 27. коло од Првата лига. Еве неколку информации пред натпреварот.

За публика ќе биде отворена само северната трибина, каде што ќе бидат сместени и камерманите и медиумските работници. За нашите навивачи Комити, ќе бидат сместени на западната трибина.

При купување на влезница од билетарата на Националната Арена „Филип Втори“, задолжително е покажување на документ за лична идентификација. Билетот ќе чини 100 денари.

Потсетуваме дека и за овој натпревар важи забраната за присуство на гостински навивачи и симпатизери на трибините, односно нема да им биде дозволен влез на истите.

петок, 13 април 2018