Ибиши влезе од клупата и погоди, Вардар ја совлада Ренова на гости

Само една минута откако влезе во игра од клупата, Џемаил Ибиши ја погоди противничката мрежа, и Вардар дојде до триумф на дербито против Ренова во Тетово. Пред крајот од мечот и Гачевски со феноменална одбрана успеа да ја „спаси победата на „црвено-црните“ на ова тешко гостување. 

По првиот дел Вардар ја имаше најдобрата шанса преку Жуниор кој во 30. минута ја погоди стативата. Ренова, пак, имаше само два обида кои отидоа над голот. Вардар имаше уште една шанса после стативата преку Колевски кој шутираше право во Велии. 

Во вториот дел немаше никакви возбудувања се до 65. минута кога Ибиши успеа да мине неколку противнички играчи и да го најде патот до мрежата за голема радост на Вардар. 

После голот имаше шанса и Мицевски кој шутираше од слободен удар, но топката заврши само крај голот. 

Во 91. минута Гафури со волеј се обиде, меѓутоа Гачевски феноменално со нога успеа да одбрани и да исфрли во корнер, и со тоа ја „одбрани“ победата на Вардарци. 

Вардар дојде до втората победа по ред во првенството, после оној триумф против Работнички од 2:0. 

ФОТОГАЛЕРИЈА

 

РЕНОВА - ВАРДАР    0:1 (0:0)

Градски стадион во Тетово. Гледачи: 400. 

Судија: Марјан Ецкоски (Охрид). 

Стрелец: 0:1 Ибиши 65’

Ж. Картони: Гафури, Селмани (Р) - Адем, Мицевски, Ибиши, Гачевски (В). 

РЕНОВА: Велии, Зука, Садики (83’ Скендери), Селмани, Кадриу, Гафури, Мишковски, Таипи (46’ Адеми), Фетаи, Велија, Селмани. 

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Најдовски, Жуниор, Мицевски, Колевски (64’ Ибиши) , Аврамовски, Новак, Серафимов, Адем (64’ Цветаноски), Брдаровски. 

недела, 1 септември 2019