И Стефан Спировски со репрезентативен повик

Уште еден фудбалер на Вардар ќе има репрезентативни обврски следната недела. Станува збор за нашиот играч од средниот ред Стефан Спировски за кого денеска стигна дополнителен повик од страна на македонската сениорска фудбалска репрезентација за настап на дуелите против Лихтенштајн и против Белорусија. 

Спировски со тоа е 11 играч на Вардар кој што ќе има репрезентативни обврски. Претходно во македонската сениорска репрезентација повици добија голманите Филип Гачевски и Игор Алексовски, како и играчите Бобан Николов и Дарко Велковски. Во младата репрезентација беа повикани Петар Петковски и Бесир Демири за дуелот со Црна Гора. Од интернационалците, повик во Грузија доби Џамбул Џигаури, за настап на селекцијата на Црна Гора Дамир Којашевиќ, а во ерменскиот сениорски национален тим беа повикани Хофханес Хамбарџумјан и Тигран Барсегјан. 

 

недела, 19 март 2017