И покрај водството, Вардар освои само бод во Ѓорче Петров

Македонија ЃП и Вардар одиграа добар натпревар на стадионот во Ѓорче Петров, кој на крајот заврши без победник 1:1. После водството на Вардар, домашниот тим успеа да постигне гол и да израмни, и тоа да биде конечниот резултат на натпреварот. 

Во 17. минута Карваљо се најде во добра шанса, но не го погоди голот. Колевски имаше шанса за Вардар во првиот дел, меѓутоа немаше опасност. 

Само што стартуваше вториот дел, Вардар дојде во водство. Аврамовски мина низ одбраната на Македонија ЃП, од дваесетина метри шутира во долниот лев агол од голот на домашнот тим, за предност на нашиот тим. 

Вардарци дојдоа и до шанси за 2:0. Цветаноски не успеа да погоди по противнапад. Колевски имаше уште една прилика, меѓутоа не успеаја да го крунисаат во втор гол. 

Во 65. минута Гачевски одлично го одбрани шутот на Робсон од слободен удар, а топката од стативата се одби во поле. 

Во 68. минута Македонија ЃП израмни. Една долга топка на десната страна до Јашароски кој упати силен и прецизен удар и го совлада Гачевски. 

 

МАКЕДОНИЈА ЃП - ВАРДАР   1:1 (0:0)

Стадион во Ѓорче Петров. 

Судија: Александар Ставрев (Скопје). 

Стрелци: 0:1 Аврамовски 46’, 1:1 Јашароски 68’

Ж. Картони: Личина (МЃП) - Аврамовски, Адем (В). 

МАКЕДОНИЈА ЃП: Јовановски, Аугусто, Нето (90’ Филиповски), Личина, Божиновски, Блажевски (80’ Воша), Да Силва, Демир, Адем, Емини, Карваљо (57’ Јашароски)

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Најдовски, Мицевски, Колевски (76’ Игнатов), Аврамовски, Цветаноски, Попзлатанов, Младеновски, Адем, Брдаровски. 

сабота, 19 октомври 2019