Хамбарџумјан настапи за Ерменија во „ремито“ со Казахстан

Вардаровиот фудбалер Ховханес Хамбарџумјан, денеска имаше уште еден настап за ерменскиот национален тим во рамките од квалификациите за пласман на Светското првенство 2018 година во Русија. 

Тој играше за Ерменија цел натпревар во дуелот со Казахстан во Астана кој што заврши нерешено 1:1. Неговиот соиграч од националниот тим Тигран Барсегјан овој натпревар остана на клупата за резерви. 

Утре Висар Муслиу со Македонија го очекува натпревар против Лихтенташјн во Струмица, додека Џамбул Џигаури ќе чека настап за Грузија во натпреварот со Србија на гостински терен. Петар Петковски и Бесар Исени во вторник играат квалификациски натпревар против Гибралтар за младата репрезентација на Македонија. Исени беше дополнително повикан од селекторот Благоја Милевски. 

недела, 8 октомври 2017