Хамбарџумјан и Дашјан ги посетија своите поранешни соиграчи

Поранешните Вардарови фудбалери Хофханес Хамбарџумјан и Артак Дашјан, денеска беа во посета на „црвено-црните“ во хотелот во кој се сместени во Ереван. 

Убаво беше да се видат повторно играчите кои го носеа дресот на Вардар во минатото. Хамбарџумјан од 2014 до 2018 година беше дел од „црвено-црните“, и одигра преку 100 натпревари во нашиот тим, додека Дашјан дојде истата година, и си замина во 2016 година. Во моментов Дашјан настапува за екипата на Алашкерт, и вчера го одигра целиот натпревар за својот тим во квалификациите од ЛШ против Селтик, на истиот стадион на кој ќе игра и Вардар утре. 

„Во Вардар стекнавме многу пријатели и убаво е кога повторно ќе се видиме како што е денеска. Ждрепката сакаше да дојдат кај нас во Ереван. На нашите поранешни соиграчи им посакавме среќа во утрешниот натпревар со Пјуник. Утре секако дека ќе бидеме на трибините“, изјавија едногласно Хамбарџумјан и Дашјан при денешната посета на Вардарци.

Посетата разбуди спомени од минатото, и беше во секој случај интересно да се видат добро познатите фудбалери повторно меѓу Вардарци. 

Од Ереван, Ерменија

Горан Бошев

Фото: Денис Дуковски

среда, 11 јули 2018