Голот на Блажевски ни ја донесе победата од Тетово

Вардар успеа да ги освои трите бода од дуелот со Ренова одигран денеска во Тетово. Голот вреден победа го постигна Дејан Блажевски во 74. минута. Нашиот тим овој пат на гостувањето кај Ренова, за разлика од минатиот натпревар, имаше неколку шанси, а една успеа да реализира Блажевски кој што влезе во игра во второто полувреме. „Црвено-црните“ прв пат успеваат да го победат овој ривал на гостински терен оваа сезона, а и натаму ја сочуваа мрежата против Ренова и во третиот меѓусебен натпревар овој шампионат.

Првото полувреме беше цврсто и главно се играше на средината на теренот во Тетово. Во една таква игра Вардар го имаше повеќе поседот на топката, а во шансите беше 2:1 во корист на нашата екипа. Боарето во 11. минута имаше прецизен удар, но сето тоа беше млако и Хаџо лесно го одбрани. Во 23. минута најдобрата прилика за гол преку Барсегјан. Ерменецот доби топка од Демири, убаво се ослободи од противничките играчи, и шутираше во рамките од голот, меѓутоа Хаџо одби во поле.

Првата и единствена шанса Ренова ја имаше во 34 минута кога Садики упати прецизен удар, меѓутоа и тоа беше млако да се изненади Гачевски кој што лесно ја прифати топката во своите раце.

Мирен почеток на вториот дел и без шанси се до 66. минута кога повторно нашиот тим се закани. Џигаури изведе корнер од левата страна на првиот дирек Новак со глава се закани, меѓутоа Хаџо успеа да одбие до Глигоров кој што шутираше во еден од одбранбените играчи на Ренова и топката отиде во корнер. Најдобрата шанса домаќините ја имаа во 72 минута кога после една долга акција, Јусуфи убаво се снајде на петерецот и упати удар кој што заврши само во стативата.

И после две минути Вардар дојде до посакуваното водство. Фелипе убаво го изведе петиот корнер на првиот дирек каде што Блажевски со глава убаво стрелаше во горниот лев агол од голот на Ренова за водство на нашиот тим на гостувањето во Тетово.

До крајот на натпреварот единствено шанса за Спировски кој што во судиското продолжување од пет минути испрати прецизен удар, меѓутоа не го совлада Хаџо и резултатот остана 0:1 на крајот. Вардар освојува големи бодови од Тетово во дуелот со Ренова.

РЕНОВА - ВАРДАР    0:1  (0:0)

Градски стадион во Тетово. Гледачи: 500.

Судија: Димитар Мечкаровски.

Стрелец: 0:1 Блажевски 74’

Ж. Картони: Садики (Р) - Барсегјан, Гачевски (В).

РЕНОВА: Хаџо, Незири, Муслиу, Мишковски (76’ Селмани), Абдула (63’ Велија), Усеини, Садики, Нухи, Гафури, Нафиу (80’ Петковски), Јусуфи.

ВАРДАР: Гачевски, Брдаровски, Грнчаров, Новак, Демири, Глигоров, Николов, Фелипе, Петковски (46’ Џигаури), Боарето (63’ Блажевски), Барсегјан (81’ Спировски).

 

СТАТИСТИКА

РЕНОВА          ВАРДАР

0          корнери          5

3/2       удари/во        7/5

22        прекршоци     23

1          офсајди          1

1          ж. картони      2

0          ц. картони      0

0          пенали            0

 

СИТЕ ШАНСИ И НАЈИНТЕРЕСНИ МОМЕНТИ>>

ФОТОГАЛЕРИЈА>>

среда, 5 април 2017