Барсегјан за прва победа на Вардар во новото првенство

Првата победа во првенството дојде во Тетово. После оние 2:2 против Шкендија, Вардарци денеска стигнаа до три бода во дуелот со вториот тетовски тим Ренова. „Црвено-црните“ благодарение на голот на Барсегјан во второто полувреме од натпреварот. Вардарци имаа доминација, и сосема заслужено стигнаа до гол и до триумф, и покрај тоа што треба да се напомене дека Гачевски на 0:0 спасуваше одлична шанса на Ренова на стартот од вториот дел.

Офанзивата на Вардар уште од стартот ја донесе првата шанса на Вардар во 2. минута. Шут на Лира одкосо од десно, и одбрана на Кобетиќ. Во 10. минута и удар на Цветаноски од 25 метри кој оди само над голот. Вардаровата доминација на Вардар можеше да донесе предност пред крајот на првиот дел преку ударите од далечина на Попов. Најпрво во 33. минута Кобетиќ лесно одбрани, а голманот на Ренова имаше проблеми во судиското продолжение кога шутот беше далеку поопасен, па чуварот на мрежата на противничкиот тим мораше да избива во корнер.

Ренова во првиот дел немаше ниту еден удар во рамките од голот, а двата обида на Сулејмани во 12 и во 21 минута отидоа над голот. После првиот дел мрежите на двата гола мируваа.

Првата шанса во второто полувреме за Вардар. Шут на Цветаноски од 23-24 метри одкосо, и повторно топката оди само над голот. Во 52. минута најсериозната шанса на Ренова. После лошата интервенција на одбраната на Вардар, во шанса се најде Рамадани кој шутираше силно под пречката, меѓутоа Гачевски фуриозно одбрани во корнер.

Конечно видовме гол на натпреварот, и тоа водство на Вардар. Се играше 75. минута кога Манев од левата страна одлично се проби и мина неколку противнички играчи, додаде до Барсегјан кој што мирно успеа да спроведе во долниот лев агол од голот на Ренова.

И покрај иницијативата во финишот од средбата на домашниот тим кој се обиде да стигне до гол, сепак, немаше смена на резултатот и Вардар носи голема победа од ова гостување во Тетово.

РЕНОВА - ВАРДАР      0:1 (0:0)

Градски стадион во Тетово. Гледачи: 400.

Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје).

Стрелци: Барсегјан 75’

Ж. Картони: Јусуфи, Садики, Фетаи (Р) - Барсегјан, Битанг, Јуфо (В).

РЕНОВА: Кобетиќ, Зука, Мишковски, Абдула, Сулејмани (65’ Гафури), Нухи, Садики, Рамадани (73’ Пантовиќ), Фетаи, Јусуфи (82’ Фернандо), Стојановски.

ВАРДАР: Гачевски, Брдаровски, Новак, Попов, Манев, Битанг (82’ Најдовски), Мицевски, Јуфо (70’ Талески), Цветаноски, Барсегјан, Лира (86’ Попзлатанов).

 

СТАТИСТИКА

РЕНОВА          ВАРДАР

3          корнери          5

4/1       удари/во        8/4

15        прекршоци     19

3          офсајди          2

3          ж. картони      3

0          ц. картони      0

0          пенали            0

недела, 19 август 2018