Голманот Гачевски постави рекорд во Првата македонска лига

Вардаровиот голман Филип Гачевски на средбата со Победа во неделата, по 19-ти пат во сезоната ја сочува мрежата празна, со што го израмни рекордот по број на натпревари без примен гол. Претходно Томе Пачовски имаше ист биланс, но како член на Работнички. 

Покрај овој рекорд, Гачевски го има и оној рекорд со најмногу минути без примен гол кој изнесува 912. Со тоа нашиот голман е апсолутен рекордер во Првата лига. 

„Сакам да им се заблагодарам на сите играчи и на сите во Вардар. На мојот тренер Саша Илиќ кој веруваше во мене сите овие години и ми даваше поддршка. Потоа на целиот стручен штаб и на сите мои соиграчи. Горд сум на овој поставен рекорд, откако претходно поставив рекорд со најмногу минути во серија без примен гол. Се надевам на уште поуспешни настапи во иднина и секако посакувам титула“, изјави Гачевски. 

Инаку Гачевски во моментов е на седмото место во Европа во сите првенства со најмногу „чисти мрежи“. 

понеделник, 20 мај 2019