Ѓорѓи Христов повторно ќе предава на „Brooke House Football" Академијата во Англија

Директорот на фудбалската Академија на ФК Вардар, Ѓорѓи Христов во следните неколку дена повторно ќе биде дел од "Brooke House Football" Академијата во Англија. Тој ќе одржи неколку предавања и тренинзи на младите таленти на оваа Академија која е дел од тимот на премиерлигашот Лестер Сити како нивна единка, а од таа Академија имаат потпишано професионални договори со Лестер, како и со други големи европски клубови.

„На поканата на Академијата, ќе бидам гостин и предавач. Навистина тоа е Академија каде што може многу да се научи, и тоа го увидов кога бев првиот пат. Таа е дел од тимот на Лестер Сити каде што има многу талентирани фудбалери. Исто така во склоп е и Колеџ. Навистина оваап осета ќе биде уште едно драгоцено искуство за мене“, рече Христов.

Оваа посета доаѓа како резултат на соработката на двете Академии направена при првата посета на Христов каде што беше гостин и предавач, а одржа и тренинг со младите фудбалери.  

петок, 30 ноември 2018