Гачевски: Имаме силни мотиви и голема желба за првата победа

Вардар во 3. коло во новата сезона утре во 17 часот на Националната Арена „Тоше Проески“, го игра градското дерби против Работнички. Вардар во првите две кола има освоено еден бод, а и натаму чека на првиот постигнат гол во новата сезона.

Голманот и капитен Филип Гачевски е оптимист дека голгетерскиот и победничкиот пост конечно ќе завршат, и дека Вардар размислува само на триумф од дербито.

„Имаме силни мотиви и голема желба да дојдеме до победа во градското дерби. Се надевам дека ќе успееме да ставиме крај на овој голгетерски пост и утре со помош на нашите навивачи ќе дојдеме до првата победа во сезоната која ќе ни даде самодоверба понатаму. Ги цениме сите противници, меѓутоа ние секогаш против било кого одиме на победа, така ќе биде и утре. Убеден сум дека утре сите кои ќе бидеме на теренот ќе го дадеме максимумот за да дојдеме до трите бода“, рече Гачевски.

петок, 23 август 2019