Г-нот Самсоненко со признание најдобар фудбалски работник

Сопственикот на ФК Вардар, г-нот Сергеј Самсоненко е прогласен за најдобар фудбалски работник од страна на Фудбалската Федерација на Македонија за изминатата 2015/2016 година. Вечерва на свечен начин му беше предадена наградата од страна на нашата куќа на фудбалот.

Самсоненко се заблагодари на сите за оваа награда, и им посака успех на сите клубови и на целокупниот македонски фудбал.

„Ова е значајна награда за нашиот клуб. Оваа награда е за сите колеги, за сите спортски работници во ФК Вардар. Во март ќе бидат три години како сум дел од македонскиот фудбал, и во овој период напорно работевме за развој на клубот. Им посакувам на сите македонски клубови да напредуваат во иднина. Ние можеби сме спортски непријатели, но само на терен, а надвор од терен сме заедно и треба да работиме сите заедно за унапредување на македонскиот фудбал. Ова е успех и на македонскиот фудбал и на сите нас. Им посакувам на сите клубови многу успеси во иднина, на македонскиот фудбал, и ќе навиваме за младинската репрезентација на Европското првенство во Полска. Благодарам“, изјави Самсоненко по доделувањето на наградата од страна на ФФМ.

четврток, 15 декември 2016