Филип Гачевски со јубилејниот 100-ти настап во дресот на Вардар

Јубилеен 100-ти натпревар за Филип Гачевски во дресот на Вардар на денешниот дуел со Победа на стадионот „Борис Трајковски“. Нашиот голман овој јубилеј меѓу диреците на „црвено-црните“ го прославува и со капитенската лента на раката. 

Гачевски е во Вардар од 2015 година кога дојде од таборот на Брегалница. Беше дел од тимот во ланската сезона која го направи историскиот успех со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа. 

Фудбалскиот клуб Вардар пред почетокот на натпреварот му подари дрес, во знак на долго сеќавање за овој јубилеј. На Гачевски му посакуваме уште многу настапи на голот на Вардар, многу „чисти“ мрежи, радости и уште титули. 

Фото: Денис Дуковски

среда, 28 ноември 2018