Продажни места на билети за натпреварот Вардар - Малме

Интересот за реванш натпреварот помеѓу Вардар и Малме од ден на ден се повеќе се зголемува. Натпреварот се игра во вторник (18.07) со почеток во 18 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.

Дојдете да навиваме за Вардар и да го бодриме нашиот тим во обидот да се пласира во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите. Шансите после првиот резултат се реални. Потребна е сега поддршка за историски европски успех. 

Билетите за овој натпревар се пуштени во продажба од 3 јули 2017 година (понеделник), и чинат 500 денари. Истите можат да се набават на сите продажни места на Тикет Плус, или поточно на следните локации:

Скопје: Југотон, Билетарница СЦ Јане Сандански, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако Водњанска, Тобако СП Планет, Food bar Trend City Mall, Lounge Restaurant Trend, Telekom Trend, Киоск М1 ТЦ Бисер, Киоск М1 Кисела Вода, Киоск М1 Холидеј Ин, Киоск М1 Скопјанка, М1 Медиа Бисер, Киоск М1 Центар, Киоск М1 железничка станица, Тобако Капиштец, Тобако Гоги Драчево;

Кавадарци: T.A. Атлантик Турс;

Струмица: Скала Травел;

Гевгелија: Т.А. Путник;

Прилеп: Т.А. Бран;

Охрид: Голден Тобако, New Tobacco;

Кочани: Радио Кочани;

Куманово: Т.А. Мерион Травел;

Велес: Унисон.

сабота, 15 јули 2017