Есенскиот дел заврши со меч без голови против Академија Пандев

Вардар на гостувањето во Турново денеска одигра без голови против Академија Пандев. Вардарци имаа неколку полушанси, и неколку добри шанси, но не дојдоа до посакуваните три бода на табелата, со што со „реми“ го завршија есенскиот дел од сезоната.

Најсериозната шанса за Вардар во текот на целиот натпревар ја имаше Јуфо кој во првото полувреме излезе сам пред голот на Академија Пандев, но шутираше само во голманот Чубраковиќ. На спротивната страна Ацо Стојков беше во можност да донесе предност за домашниот тим, меѓутоа не успеа во намерата, а потоа се закани и Крстовски, но одлично одбрани Гачевски.

Вардар ја заврши есенската полусезона со десет победи, пет нерешени средби и три порази, односно со 35 бодови, или пет помалку од првото место од Шкендија, и пет повеќе од третопласираниот тим на Академија Пандев.

Сега за Вардарци следува зимската пауза, зимските подготовки, и на пролет да се брка нова титула.

 

АК. ПАНДЕВ - ВАРДАР   0:0

Стадион: „Кукуш“ во Турново. Гледачи: 1000.

Судија: Марјан Ецкоски (Охрид).

Стрелци: /

Ж. Картони: Маневски, Илиев (АП) - Најдовски, Брдаровски (В).

АК. ПАНДЕВ: Чубраковиќ, Атанаскоски, Димов, Илиев, Костов, Иванов, Стоилов, Миловановиќ (86’ Ивановски), Крстовски, Пандев (17’ Михаилов), Маневски (72’ Стојков).

ВАРДАР: Гачевски, Манев, Битанг, Херанз, Јуфо (60’ Исени), Антовски (46’ Цветановски), Најдовски, Попзлатанов, Тодороски, Ибиши (72’ Бериша), Брдаровски.

недела, 2 декември 2018